* Return to the MakNews.com Homepage *Macedonia Forum

Macedonian discussion forum for News and Macedonian affairs.
It is currently 21 May 2012 18:33

All times are UTC




Post new topic Reply to topic  [ 44 posts ]  Go to page Previous  1, 2, 3
Author Message
 Post subject: Re: Hockey is reborn in Macedonia!
PostPosted: 04 Nov 2011 18:51 
Offline
User avatar

Joined: 05 Jan 2011 09:19
Posts: 32
Location: Ilinden/Macedonia
Pozdrav :hi
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=626D ... 2563128AF0

Quote:
Арената за хокеј добива нов лик

Image

Објектот повторно ќе биде пуштен во употреба на 15 ноември со нова подлога, покриен и застаклен

Миодраг Мицковиќ

Љубителите на хокејот на мраз во Скопје некако се оладија по бомбастичните најави на раководството на Федерацијата за хокеј на мраз на Македонија дека ќе имаме своја репрезентација, која ќе игра во квалификациите за Олимписките игри и на Светското првенство Ц-група, дека ќе имаме екипи на Балканското клупско првенство, па дури беше навестувано дека ќе се одржи и прво државно првенство во новоизградената арена веднаш до салата „Борис Трајковски “. Но, од тоа досега нема ништо. Некои луѓе како да не можеа да сфатат дека станува збор за скап спорт, кој бара соодветни услови за игра, како и долги и квалитетни подготовки за да се остварат сите тие идеи и амбиции.

За проектот „хокеј на мраз“ се ангажирани и тројца тренери од Русија, кои речиси една година работат со млади хокеари, кои сакаат да ги научат сите тајни на овој атрактивен и убав спорт. По кусиот летен одмор, во моментот во салата „Борис Трајковски“ тренираат околу 150 млади, кои со нетрпение очекуваат повторно да биде дадена во употреба Арената за хокеј, која сега ќе добие сосема нов лик, со нова специјална подлога, со покрив и застаклен. Сето тоа ќе овозможи одигрување и натпревари од меѓународен карактер, за што е добиен сертификат од Меѓународната хокејарска федерација, не' извести Ратко Капушевски, директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Уште кога ја отворивме Арената, имавме готови планови целиот објект да биде покриен, да се направи подлога за летни и за зимски услови, но се судривме со извесни проблеми при изградбата, така што целиот проект доцнеше не по наша вина. Под самата Арена минува колектор за отпадни води и фекалии од овој дел на градот, па не можеа да се вградат железни столбови за покривот и се бараше друго решение како тоа да се изведе. Меѓутоа, сега работите се одвиваат нормално и очекувам на 15 ноември Арената за хокеј повторно да биде предадена во употреба, со покрив и со две специјални подлоги, една за летниот, друга за зимскиот период, со специјална смеса, која ќе овозможи брзо лизгање и нормално играње на натпреварите во хокеј. Набавена е специјална машина, која ја нанесува таа смеса на подлогата“, објаснува Капушевски.

Арената за хокеј по 15 ноември ќе биде подготвена за натпревари, за одржување на првенство на Македонија, но, пред се', акцентот ќе биде ставен на младите хокејари од школото на Спортскиот центар за да им се даде шанса да покажат што досега научиле од руските тренери. Од нив ќе бидат формирани и младински екипи, бидејќи во нив е иднината на овој спорт во Македонија.

Плановите да се одржува првенство на Македонија со хокеари во поодминати години е погрешен потег, а таква се покажа и на брзина формираната репрезентација во хокеј на ролерки, која во Софија играше во квалификациите за Светското првенство, каде што претрпе два катастрофални пораза од Турција и од Бугарија. Згора на тоа, оставајќи зад себе долг од 3.500 евра, бидејќи очекуваната парична помош од разни спонзори остана само ветување.

Засега илузорно е и да се размислува за настап на Балканското клупско првенство во кое стартуваа екипи од Србија, од Босна и Херцеговина и од Бугарија, бидејќи во моментов немаме клуб што би можел рамноправно да им се спротивстави.


Top
 Profile  
 
 Post subject: Re: Hockey is reborn in Macedonia!
PostPosted: 06 Dec 2011 10:53 
Offline
User avatar

Joined: 05 Jan 2011 09:19
Posts: 32
Location: Ilinden/Macedonia
Hey guys,

some update.

The rink is not finished yet, and i guess it will last till january, it also will be again a plastic surface-no real ice. I also begun to work out a study and a project for a ice arena in my municipality (where i also work) but there is always one big problem...money, money, money :oo

So we have the same problem as last year, we have players, but no rink. So some of us (including me) are playing now for Iraklis Salonika in the bulgarian BaHL.


Продолжува македонската хокеарска традиција во Ираклис

Тасков, Гриовски и Децковски ќе ја претставуваат Македонија во дресот на Ираклис, кој веќе го носеле Васко и Ѓорѓи Грчеви и Ристо Аиновски, додека тренер на екипата е Васил Шишков

Image
Гриовски, Децковски и Тасков од лево стојат

Тројца Македонци ќе настапат за грчки Ираклис во мечевите од бугарскиот шампионат во хокеј на мраз, кои се играат викендов во Софија, и ќе ја продолжат традицијата на настапи на хокеари од Македонија за клубот од Солун, која трае веќе три години. Ираклис годинава ќе учествува во бугарското првенство како единствен грчки претставник од осумте клуба, поради немање услови да се одржи грчкиот шампионат.
Ивица Тасков, Стефан Децковски и Зоранчо Гриовски, сите членови на македонската репрезентација, ќе бидат дел од грчката екипа, додека постои можност да им се приклучи и ветеранот Ристо Аиновски. Претходно боите на Ираклис ги бранеа и браќата Грчеви, Ѓорѓи и Васко, додека денеска тренер на екипата е Васил Шишков.

- Луѓето од Ираклис беа задоволни од настапите на македонските хокеари во претходните неколку години и затоа решија да нé повикаат нас тројца, што ние, секако, го прифативме - вели Децковски, кој втора година по ред е дел од Ираклис.

Сите тројца истакнуваат дека се задоволни од односот и пречекот во грчкиот клуб и дека воопшто не сакаат да се меша политиката во спортот.

- Одлично сме прифатени од луѓето во Ираклис, сите се дружиме заедно и надвор од мечевите и воопшто не сакаме да ја мешаме политиката во спортот - порачува Тасков.

Мотивите за учество се исклучиво спортски, бидејќи во Бугарија има одлични услови за хокеј, кои моментно не се достапни во Македонија.

- Во Софија постои огромен интерес за хокејот, а и условите се одлични во текот на целата година. Ние добиваме можност да играме квалитетни мечеви на добра подлога, што ни е главна цел за учеството - објаснува Тасков.

Ираклис првиот дуел го има денеска против Ред стар од Софија во „Зимскиот дворец“, додека утрешен противник е Ајс Девилс во салата „Славија“.

Македонските хокеари истакнуваат дека годинава имаат дополнителен мотив за настап, бидејќи Ираклис неделава прослави 103 години од своето постоење и ќе сторат сé за да ја разубават прославата со победа.

Тасков - Гриовски одбранбена линија

Ивица Тасков и Зоранчо Гриовски играат заедно во „македонската“ дефанзивна линија во Ираклис, која функционира беспрекорно. Тасков, чија природна позиција е лево крило, настапува како лев бек, додека Гриовски ја зазема десната бековска позиција.
- Играме во иста линија со Ивица и навистина добро соработуваме. Клучот на нашиот успех е што си помагаме меѓусебно и настојуваме да бидеме што подобри, па дури успеваме да бидеме опасни и во нападот - вели Гриовски.
Стефан Децковски игра во нападот на позицијата центар.

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp? ... anie=22447

Македонска хокеарска колонија во Грција

17.11.2011 11:16

Хокејот на мраз се уште не е доволно развиен во Македонија, па така овие спортисти среќата мора да си ја бараат надвор од границите на нашата земја. Она што е интересно е дека во Грција се создава наша хокеарска колонија, ако се знае дека за овој тим веќе настапуват тројца Македонци: Стефан Децковски, Ивица Тасков и Зоки Гировски, кои што се дел од тимот на Ираклис, на чија што клупа седи македонскиот стручњак Васко Шишков.

Бидејќи и Грција нема доволен број на тимови за да формира хокеарска лига, тимот на Ираклис се натпреварува во бугарскиот шампионат. Во последните два меча Ираклис претрпе два порази, од 8-0 и 4-1, а стрелец на единствениот погодок за овој тим беше токму нашиот хокеар Децковски.

„Јас и лани бев дел од тимот на Ираклис, газдите на клубот беа задоволни од мене и ми понудија да останам и сезонава. Се чувствувам одлично во Грција, без оглед на односите меѓу двете земји јас не чувствувам никаков притисок овде, момците се супер и рабоиме напорно за да бележиме подобри резултати“ - изјавува Децковски.

Македонската колинија во овој тим би требала да се зголеми со ангажманот на двајца нови хокеари, Ѓорѓи Грчев и Ристо Аиновски, кои што се најавени како големи засилувања во обидите Ираклис да излезе од резултатската криза.

„Добро е што голем број наши хокеари ќе настапуваат за ист тим, тоа ќе ни помогне да се воиграме што подобро. Знаеме дека постојат најави за тим-репрезентација во Македонија и се надевам дека тоа наскоро ќе се оствари, но од друга страна во моментов немаме ниту лизгалиште за да тренираме како што треба. Се надевам дека ќе бидат исполнети сите услови за нормален тренинг, што е прв предуслов за создавање на силен тим“ - коментира Децковски.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2698


Голем поздрав :)
this is how our training looks like at the moment
http://www.youtube.com/watch?v=4LPL5lHbrrs
http://youtu.be/-K17INee3Lw


Top
 Profile  
 
 Post subject: Re: Hockey is reborn in Macedonia!
PostPosted: 07 Dec 2011 07:21 
Offline
User avatar

Joined: 05 Jan 2011 09:19
Posts: 32
Location: Ilinden/Macedonia
Македонците стрелци за Ираклис

Македонските хокеари Ристе Аиновски, Стефан Децковски и Зоранчо Гриовски беа стрелци на трите гола за Ираклис, во двата меча од бугарскиот шампионат одиграни викендов во Софија

Ветеранот Аиновски и младиот Децковски беа прецизни во поразот од Ред стар со 2-12, а Гриовски погоди во дуелот со Ајс девилс, кој Ираклис го загуби со 1-7. Покрај триото стрелци, за Ираклис настапи и Ивица Тасков, а тренер на екипата е Васил Шишков.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22449


full match record
http://www.youtube.com/watch?v=KdSYAqApj9s

scored my first goal @2:40 -shorthanded- for Iraklis ;)


Top
 Profile  
 
 Post subject: Re: Hockey is reborn in Macedonia!
PostPosted: 18 Dec 2011 12:10 
Offline
User avatar

Joined: 05 Jan 2011 09:19
Posts: 32
Location: Ilinden/Macedonia
Ice rink Sports Centre Boris Trajkovski

Sat, 17,11,2011

Image

Image

Image


Top
 Profile  
 
Display posts from previous:  Sort by  
Post new topic Reply to topic  [ 44 posts ]  Go to page Previous  1, 2, 3

All times are UTC


Who is online

Users browsing this forum: No registered users and 4 guests


You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum

Jump to:  
Powered by phpBB © 2000, 2002, 2005, 2007 phpBB Group
phpBB SEO