Lavce Pelagonski wrote:
You would be surprised.
Maybe you're right

Македонка пронајдена мртва пред куќата во Сиднеј
48-годишна Македонка била пронајдена мртва доцна синоќа пред својата куќа во Сиднеј.
Полицијата го привела нејзиниот 59-годишен сопруг на сослушување, но нема официјални информации дали против него е покренато обвинение, објави на својот портал австралискиот весник „The Sydney Morning Herald“.
Весникот пишува дека и жената и нејзиниот маж биле дел од македонската заедница, чии припадници го сочинуваат најголем дел од жителите на улицата на која се наоѓа нивната куќа и тука, во Херствил, јужно предградие на Сиднеј живеат со децении. Соседите ја опишуваат брачната двојка како мирна и почитувана и дека меѓу нив немало никакви меѓусебни проблеми и недоразбирања.
Итните служби биле повикани во куќата во 13 часот по локално време, откако било пријавено дека жената е мртва, а нејзиното тело било најдено надвор од куќата, пишува весникот.
Ова е трет случај во Австралија во кој животот го губат македонски државјани.
http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... 42F23B314C