Quote:
Името Македонец во руски документи од 1907 година
Руските дипломати со јасна прецизност го датираат моментот на појавата и носителите на името Македонец. Овие документи се и добар одговор на грчко-македонскиот спор, вели професор Јован Донев
Името Македонец, македонска нација, не е творба ниту на Коминтерната, ниту на комунистичка Југославија. Доказ за ова се и руските официјални, дипломатски документи, кои уште во 1907 година, во Битолскиот вилает, го споменуваат ова име.
Овие факти беа изнесени завчера на промоцијата на книгата Македонија меѓу автономијата и дележот", во избор, превод и редакција на македонскиот писател Симон Дракул. Оваа книга (шести и седми том) е дел од истражувањето на Дракул за Руската дипломатска документација (1894 -1913 г.).
- Во овие документи јасно се зборува дека името Македонец, македонска нација се одговор на сите поделби и страдања од овој период. Тоа е име кое нема никаква врска ниту со коминтерната ниту со комунистичка Југославија, тоа е име-лек, одговор на сите делби и распределби и се појавува и регистрира во 1907 година во Битолскиот вилает. Документите кои ги промовираме се и добар одговор на грчко-македонскиот спор. Руските дипломати со јасна прецизност го датираат моментот на појавата и носителите на името Македонец, рече професор Јован Донев, во своето излагање за книгата.
Промоторот академик Гане Тодоровски, пак, посочи дека документацијата што ја нудат овие два тома е многустрана и корисна, добредојдена за нашата историографска наука која понатаму ќе црпи факти и аргументи за македонските состојби токму пред распадот на Отоманската империја. "Документите се огромна суровинска граѓа за производство на научна вистина на Македонија или нејзина веродостојна
За Симон Дракул
Симон Дракул е роден на 24 септември 1930 година во Лазарополе, а почина во 1999 г. Бил директор на драмата на Македонскиот народен театар, генерален секретар на Сојузот на писателите во поранешна СФРЈ, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и на Струшките вечери на поезијата, а работниот век го заврши на Институтот за национална историја во Скопје. Тој е автор на голем број раскази, романи, драми, сценарија за филмови и преводи на литературни дела.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FAC4F30 ... 403CB29769
what will boycottyannis say to that facts
TITO must had a timemashine
