Холивудски филм за Македонија и за фудбалот
Зад проектот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски застана Бранко Лустиг
Сунчица Уневска
Во почетокот на мај во Македонија ќе пристигне продуцентски тим од Холивуд предводен од познатиот хрватски и американски продуцент Бранко Лустиг, кој ќе застане зад новиот филмски проект на Дарко Митревски, „Трето полувреме“. Продуцентите доаѓаат во Македонија на барање на Дарко Митревски, кој е автор на сценариото и кој инсистира филмот да се снима тука, за да ги видат локациите, инфраструктурата, техничките и кадровски потенцијали. Планот е тимот да престојува неколку дена во Скопје и во Битола, по што ќе се донесе конечната одлука дали филмот „Трето полувреме“ ќе се снима во Македонија.
Инаку, во „Трето полувреме“ Митревски сака да ја овековечи вистинската приказна за скопскиот фудбалски тим „Македонија“, кој во времето на Втората светска војна станал шампион на тогашната фудбалска лига, која играла во услови на окупација, а чиј тренер бил Евреинот Илјеш Шпиц. Како што вели Дарко Митревски, во овој проект првпат на филмско платно ќе бидат прикажани спектакуларните фудбалски натпревари од 1930-тите и 1940-тите години, но и многу историски вистини за време на фашистичката окупација во Македонија, за трагедијата и холокаустот на македонските Евреи. А она што е најважно за нас во ова време, е дека филмот ќе ја потенцира и ќе проговори токму за борбата на една мала земја за стекнување слобода и независност.
„Тој филм е приказна за фудбалот кој во дадени историски услови станал многу повеќе од игра, претворајќи се во бојно поле помеѓу доброто и злото. Но, ќе има во овој филм уште многу важни работи за нас“, вели Митревски, опишувајќи ја во свој стил сцената која му е најдрага. Станува збор за полуфиналниот натпревар за шампионска титула кога скопскиот стадион е исполнет до последното место, а на околните дрвја се качени деца кои на сиромашните граѓани што не можеле да влезат им го прераскажуваат натпреварот. И, како што раскажува Митревски, кога во еден момент десет илјади луѓе на трибините почнуваат во еден глас да викаат: „Македонија“, „Македонија“, а децата пренесуваат дека навивачите го скандираат името на нашиот тим, еден од луѓето тивко додава дека тоа не е само име на тимот, дека тоа е име на нашата земја! „Верувам дека не само мене како автор, туку и на сите во Македонија ќе им биде возбудливо кога еден ден оваа реченица ќе биде изговорена на филмските платна во Америка и во Европа“, изјавува Дарко Митревски.
Инаку, како што вели Митревски, филмувањето на оваа приказна за која слушнал од вистинските учесници во неа додека ја работел телевизиската серија „Досие Скопје“, била и неговиот најголем мотив за заминување во Америка. Тој проект барал големи средства и комплицирана продукција, па немало можност да се реализира овде. Но, ете можностите многу бргу се отворија во Америка.
За продуцентот Бранко Лустиг не треба многу да објаснуваме, доволно е само да потсетиме дека тој е добитник на два „оскара“ за „Шиндлеровата листа“ и за „Гладијатор“, и дека најчесто соработуваше со Спилберг и со Ридли Скот. Лустиг стои и зад „Изборот на Софија“, „Ханибал“, „Американски гангстер“, „Падот на Црниот јастреб“, како и зад култната серија „Ветришта на војната“.
Зад продукцијата на филмот застана филмската компанија „King’s Road Entertainment“, позната по некогашните филмски хитови „Се' за мене“ со Стив Мартин, „Jacknife“ со Де Ниро, „Rent-a-coop“ со Лајза Минели и Берт Рејнолдс, „Big Easy“ со Денис Квејд и Елен Биркин. Во Скопје се очекува и доаѓањето на сопственикот на компанијата Свен Ебелинг, кој доби „Оскар“ за филмот „Никаде во Африка“.
План е филмот да се снима на англиски јазик, со холивудски, но и со македонски и балкански актери. Соработниците, кои ќе бидат дел од авторската екипа, уште не се одредени освен авторот на музиката. Имено, саундтракот за овој филм ќе го потпише повторно Кирил Џајковски, кој работеше и на претходниот филм на Митревски, „Бал-кан-кан“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3269 ... A23EBF0FA0
МИТРЕВСКИ ПРАВИ ФИЛМ СО СВЕТСКИ ПРОДУЦЕНТ
Холивуд ќе снима за легендата на ФК Македонија Илјеш Шпиц
„Трето полувреме“ е приказна за фудбалот, кој во дадени историски услови станал повеќе од игра, се претворил во бојно поле помеѓу Доброто и Злото, вели Митревски
Продуцентскиот тим на филмскиот проект „Трето полувреме“ (The third halftime) предводен од продуцентот Бранко Лустиг и македонскиот режисер Дарко Митревски, за дваесетина дена од Холивуд ќе дојде во Македонија. Ќе се разгледуваат локации во Скопје и во Битола, инфраструктурата, техничките и човечките потенцијали за филмот што ќе се работи по сценарио на Митревски. Филмот ќе го продуцира светски познатиот продуцент Лустиг (двапати добитник на „Оскар“ за најдобар филм за „Шиндлерова листа“ и „Гладијатор“, долгогодишен соработник на Стивен Спилберг и Ридли Скот, продуцент на „Ханибал“, „Рајско кралство“, „Американски гангстер“, „Падот на црниот сокол“ и „Изборот на Софија“, како и на телевизиските серии „Крилјата на војната“ и „Војна и сеќавање“. За филмот Митревски вели:Приказната ја слушнав од малкутемина преживеани учесници во Втората светска војна, во времето кога ја создавав телевизиската серија „Досие Скопје“. Првата верзија на ова сценарио беше напишана пред осум години - но со оглед на големиот буџет, огромниот кастинг и комплицираните продукциски барања, не постоеја услови филмот да биде реализиран како македонска продукција. Желбата ова сценарио да ги пронајде своите продуценти и еден ден да биде снимено беше најголем мотив да заминам во Америка. Еве, не помина многу време, а таа желба почна да ми се остварува!Филмот е приказна за фудбалот, кој во дадени историски услови станал повеќе од игра, се претворил во бојно поле помеѓу Доброто и Злото.
- Најдрага ми е сцената на полуфиналниот натпревар за шампионската титула: тогашниот скопски стадион е исполнет до последно место, а на околните дрвја се качени деца, кои на сиромашните граѓани (што немаат пари за билет) им го прераскажуваат текот на натпреварот. И во еден момент 10.000 луѓе на трибините почнуваат да скандираат „Македонија, Македонија“. Децата рапортираат: „Еве, навивачите го скандираат името на нашиот тим“, а еден од луѓето тивко прошепотува: „Не е тоа само името на тимот. Тоа е име на нашата земја!“. Мислам дека не само за мене како автор, туку и за сите нас во Македонија ќе биде возбудливо кога еден ден оваа реченица ќе биде изговорена на филмските платна во Америка и во Европа, смета Митревски.Зад продукцијата на „Трето полувреме“ стои филмската компанија „Кингс роуд ентертеинмент“ (позната по некогашните филмски хитови „Се' од мене“ со Стив Мартин, „Креатор“ со Питер О’Тул и Мариел Хемингвеј, „Џекнајф“ со Роберт де Ниро, „Големата леснотија“ со Денис Квејд и Елен Баркин). Сопственикот на компанијата, Свен Ебелинг (добитник на „Оскар“ за филмот „Никаде во Африка“, исто така ќе биде дел од тимот што ќе престојува во Македонија. Засега се' уште не се одредени соработниците што ќе ја сочинуваат авторската екипа на овој филм (сценографија, костимографија, монтажа итн.). Музиката ќе ја прави Кирил Џајковски. „Трето полувреме“ е филмска приказна за скопскиот фудбалски тим „Македонија“, кој во времето на Втората светска војна станал шампион на тогашната фашистичка фудбалска лига под водство на тренерот - Евреинот Шпиц. Ќе бидат прикажани спектакуларните фудбалски натпревари од триесеттите и четириесеттите години на дваесеттиот век, но и други историски настани: Македонија под фашистичка окупација, трагедијата и холокаустот на македонските Евреи, како и борбата на една мала земја за стекнување слобода и независност. Филмот ќе биде снимен на англиски јазик, со холивудски кастинг, но предвидено е во него да играат и македонски актери.
(Л.Г.Д.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1AC87 ... 36799DE28B
-----
Checking out Skopje and Bitola in May. About football team "Makedonija" during fascist occupation and the Macedonian Jews. In English language.
Both a massive plus for our exposure and for our industry.