Елефтеротипија: Грузија се подготвува да ја признае Македонија под уставното име
Грузија се подготвува да ја признае Македонија под уставното име.- пишува Елефтеротипија. Весникот,повикувајќи се на дипломатски извори,тврди дека ове е предлог на владата на Саакашвили.
“Во овие тешки моменти за Грција е навистина чудно една мала земја како Грузија да направи таков чекор“-вели американски фактор за весникот. Западен дипломат,пак, тврди дека е необјаснив таквиот потег на грузиската влада, бидејќи лани додека Грција беше претседавач на ОБСЕ колку што можела и помогнала на Грузија. Изворите што ги консултирала Елефтеротипија, претпоставуваат дека оваа одлука доаѓа од некоја друга страна,најверојатно по наредба на Вашингтон.
Од македонското МНР велат дека најверојатно се работи за шпекулација, бидејќи засега немаат најави за воспоставување дипломатски односи со Грузија.
Но, доколку се исполнат предвидувањата на грчкиот весник Елевтеротипија, и Грузија ја признае Македонија под нејзиното уставно име,тогаш таа ќе бие 128-та земја во светот што го сторила тоа.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=58738