|
Македонија го произведе првиот сопствен фотоволтајцен соларен колектор
Производителот, штипската компанија Еко солар, еден од поголемите македонски производители на соларни термални колектори, кои со помош на сончевата енергија ја загреваат водата во домовите и стопанските објекти, деновиве пробното го замени со сериско производство на ткн.Фотоволтајчни соларни колектори кои сончевата ја претвараат во електрична енергија, јави дописникот на Нетпрес од Штип.
Интерес за продажба има. Освен дома и странци се интересираат за македонските
соларни фотоволтајчни колектори. Во Еко Солар, се убедени дека договорените рокови за испорака на првиот контигент на хрватскиот и грчкиот пазар ќе ги испочитуваат.
Продажната цена на македонскиот соларен фотоволтајчен колектор е 550 евра, а увозните се над илјада евра. Заштедата на електричната енергија користејќи ја сончевата кај македонските во однос на колекторите од увоз е поголема, велат во Еко Солар.
30 отсто во реализација на проектот за домашно производство на вакви колектори субвенционираше државата. но само во изработката на прототипот. Инаку еко солар е меѓу осумте фирми во земјава која пролетва го реализира владиниот проект, за продажба на соларни термални колектори, од кои за првите 500 купувачи им следеа финансиски повластици.
_________________
When the power of love overcomes the love of power, the world will know peace
-Jimi Hendrix
|