Драги Пријатели, Македонци чест ни е да ве известиме дека на 4.7.08 сајтот
http://www.macbro.org почна со работа. Сајтот е резултат на макотрпна работа, љубов и вложување за Македонија. Сајтот содржи различни теми околу Македонија, Засега е изработен само во Македонска верзија со цел нашите млади генерации да се запознаат со историјата. Но во изработка се и англиска и германска верзија. Сајтот не промовира насилство!
Зашто нас?
Историја:
Сајтот содржи уникатна Македонска историја, која неможе да се најде на друго место. Интересно средена, што и на луѓе кои не ја љубат Историјата би им се допаднало. Историјата е во главно поткрепена на факти и цитати а помалку на теории. Исто така сајтот нуди опција доколку имате специфично прашање за некој дел од Историјата да го контактирате Администраторот со што би ви возвратил на информацијата.
Галерија:
Главниот адут на страната.
Поставена е галерија, каква што досега немало во Македонија, барем не за таква намена и такви теми. Галерија на која секој посетител има опција да си отвори членска и да гледа и поставува слики за Македонија, без разлика дали лично изработени или пак симнати од некаде.
Прозводи:
Сајтот содржи разновидни прозиводи и интересни книги кои можете да ги нарачате преку Интернет или пак книги од Александар Донски кои можете да ги нарачате преку e-mail.
Форум:
Сајтот содржи форум на кој секој член ќе се пронајде себеси, форум поделен на секции мотивирани од различни периоди од нашата историја, како и многу забава и дружење.
Музика: Голем спектар на Македонска Музика како воедно и текстови(лирика) од многу досега познати и непознати песни, а исто така и музика за симнување!