Here we can post smaller local projects from RoM
I'll Start with a few from Gostivar...
*************************************************************
Гостивар, синоним на чистотија
Датум: 14.04.2008 | Автор:
Климатските услови од 21 март, денот на екологијата, ги оневозможија надлежните органи на општина Гостивар во реализирање на разните еколошки активности, затоа на 12 април 2008 општина Гостивар, ЈП Гостивар, ЈП Комуналец како и приватното претпријатие �Магнум� �Бак Коб� �Цели� и �Багери� реализираа низа активности во правец на чистење на дивите депонии со комунален отпад и градежни материјали во градот и периферијата.
По овој повод беа очистени:
- Старата депонија (патот за село Симнице)
- Каналот за наводнување (од Малеарди до мотел Игнација)
- Некои депонии во населба Малеарди
- Просторот пред судот
- Просторот кај автобуска станица
- Балиндол (мостот над реката Вардар)
- Мало Турчане (кај стадионот).
Вакви акции ќе продолжат во континуитет и низ други делови на селото.
-------------------------------------------------------------------------------------
Градоначалникот Бејта го реализира даденото ветување во градска градинка
Датум: 08.04.2008 | Автор:
Во вторник 08 април 2008 год. градоначалникот на општина Гостивар г. Невзат Бејта придружуван од неговите соработници ја посети детската градинка “Детска радост“. Целта на посетата беше завршување на работите за санирање на кровот и поправка на внатрешноста на објектот.
Пред некое време градоначалникот Бејта му вети на раководството на оваа институција дека ќе ја среди многу тешката состојба во која што се наоѓаше објектот, и токму денес овие работи завршија и условите за престој на децата во Градинката коренито се променети за што се убеди лично и градоначалникот Бејта во текот на оваа посета.
Во почетокот на децата кои што се сместени во Градинката им подарија голем број на играчки кои што градоначалникот Бејта лично им ги подели.
По овој повод градоначалникот Бејта им апелираше на гостиварските бизнисмени и тие да го дадат нивниот придонес во овој правец.
Во едно изјаснување за локалните медиуми градоначалникот Бејта истакна дека оваа инвестиција на општина Гостивар која што достигнува вредност во износ од 1,300,000 денари е извршено на адекватно место и со оваа инвестиција се створени подобри услови за престојот на децата.
Секое инвестирано средство за стварање на услови за престој, едуцирање и настава на учениците е на место поради тоа што така се инвестира во нашата иднина и со ова во иднината на нашиот град, истакна градоначалникот Бејта.
Пред неколку месеци не известија за условите за престојот на децата во Градинката се жалосни и оваа ситуација ја потврдив лично со мојата посета. Се обврзавме дека во најкраток можен ќе преземеме чекори за санирање на објектит и денес од ова што го гледам сум премногу задоволен и сега овој објект го доби потребниот изглед.
Ова не значи дека треба да запреме, туку, напротив треба да продолжиме да створиме што подобри услови за нашите деца, рече на крајот градоначалникот на општина Гостивар г. Невзат Бејта.